Фудбалската федерација потврди: Казната за Винициус останува и тој нема да игра на Ел Класико

16.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалската федерација потврди: Казната за Винициус останува и тој нема да игра на Ел Класико

Комисијата за жалби при Фудбалската Федерација на Шпанија, го одби барањето на Реал Мадрид и Винициус Жуниор за намалување на казната која му е изречена и истата останува иста. Четири меча суспензија, со што дефинитивно бразилецот нема да биде дел од претстојното Ел Класико против Барселона.

Винисиус беше исклучен минатата сабота за време на првенствен натпревар против Виљареал, кој Реал го доби со 1–0 на „Сантијаго Бернабеу“. Инцидентот се случи во 71.минута кога бразилецот постигна гол, но судијата го поништи по прегледување на снимката преку ВАР, за да потоа му покаже и директен црвен картон. Играчот на Реал беше казнет поради тоа што го повлекол противникот за коса за време на акцијата, по што влезе во вербална расправија со судиите.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата