Харви Елиот е на чекор до заминување од Ливерпул, а како најсериозна опција се појави Валенсија на нашиот Столе Димитриевски. Шпанскиот клуб веќе постигнал договор со 23-годишниот англиски фудбалер за личните услови, додека преговорите со Ливерпул се во напредна фаза. Се очекува трансферот да биде реализиран како едногодишна позајмица.
Елиот се најде на маргините кај новиот менаџер на „црвените“, Андони Ираола, кој не го вклучи во составот за премиерниот натпревар против Њукасл. Иако Ираола истакна дека фудбалерот напредува од недела во недела, призна дека во моментов има други опции пред него.
За Елиот ова би била можност за нов почеток, откако минатата сезона не успеа да се наметне ниту во Астон Вила. Таму одигра само 277 минути и девет натпревари, по што се врати на „Енфилд“.

