Фото на неделата: Сандерленд го победи својот вечен ривал, ама и го понижи!

15.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото на неделата: Сандерленд го победи својот вечен ривал, ама и го понижи!
ФОТО: Sunderland AFC/FB

Некој што не знае да кажеме дека мечевите меѓу Сандерленд и Њукасл е едно од најголемиите дербија во Англија. Секоја чест за Јунајтед, Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи, ама кога играат Сандерленд и Њукасл, е тоа е нешто посебно.

Вчера после девет години се врати ова дерби во ПЛ и веднаш ги потсети сите колку длабоко можат да стигнат фудбалските соперништва на североистокот од Англија. Сандерленд не само што забележа голема победа против Њукасл, туку покажа и степен на сарказам што ретко се гледа во модерниот фудбал.
Всушност, името или грбот на гостите не се појави на семафорот на Стадионот на светлината за време на натпреварот. Наместо Њукасл Јунајтед, едноставно пишуваше „ГОСТИ“.

Домашните навивачи уживаа во симболиката, додека ривалите од Сент Џејмс Парк можеа само фрустрирано да гледаат како старото непријателство се претвора во мал, но незаборавен трол.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата