Флик: Тоа што загубивме од ПСЖ и Реал не менува ништо, продолжуваме во ист ритам

30.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик: Тоа што загубивме од ПСЖ и Реал не менува ништо, продолжуваме во ист ритам

Тренерот на Барселона, Ханси Флик на денешната прес конференција по повод викенд дуелот против тимот на Алавес на домашен терен се осврна главно на она што секако најмногу ја интересира светската јавност.

А тоа е како Барса ќе реагира на двата порази едно подруго против сериозни ривали. Од ПСЖ во Лигата на Шампионите, како и против Реал Мадрид во „Ел Класико“.

„Во име на нашите играчи, нашиот персонал и мое име, им изразуваме најдлабоко сочувство на сите погодени од оваа трагична железничка несреќа во Толедо. Стоиме зад овие семејства, испраќајќи им ја целата наша позитивна енергија и целата наша љубов.“ – рече Флик па продолжи.

Поразите не менуваат ништо
„Ова е она што отсекогаш сум го кажувал, патот е многу долг. Ништо не е загубено, поразени сме од Реал Мадрид, и никому не му се допаѓа тоа, но мора да се соочиме со тоа и, како што реков пред малку, тој меч мислам дека можевме да го добиеме според создадените шанси. Но, мора да го прифатиме поразот и да учиме од него. Имаме повредени играчи надвор од составот, Жил, Чави Еспарт, Олмо, Ерик Гарсиа, Кристенсен… не е лесно да се справиме со ова и мора да најдеме решенија. За утре, работите се јасни, трите бода се најважни“ – изјави Флик. 

sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата