Флик почна да ги урива „лудите“ рекорди на Пеп со Барселона

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик почна да ги урива „лудите“ рекорди на Пеп со Барселона

По вчерашаната победа на Барселона против Реал Мадрид со 4:3 во 35-то коло од Ла Лига, германскиот предводник на Каталонците, Ханси Флик, успеа да испише уште еден рекорд.

Овој пат, Флик стана само вториот тренер во историјата на каталонскиот гигант кој успеал да ги добие сите четири први „Ел Класико“ пресметки со Реал (М) откако дошол на клупата на Барса.

Ханс-Дитер Флик стартуваше со 4 победи во дуелите со Реал Мадрид во сите натпреварувања, што го израмни со Пеп Гвардиола, кој успеа да го направи ова со Барса на стартот на својот мандат на клупата на тимот од 2008 до 2012 година. Флик ја презеде функцијата менаџер на „блауграна“ кон крајот на мај минатата година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата