Флик: Да не се залажуваме, се уште не сме исто ниво со ПСЖ

2.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик: Да не се залажуваме, се уште не сме исто ниво со ПСЖ
фото: Barcelona (X)

По синоќешниот пораз од ПСЖ, тренерот на Барселона, Ханси Флик изјави дека неговиот тим сè уште не го достигнал нивото на ПСЖ.

Каталонскиот тим загуби од ПСЖ (1:2) на домашен терен во меч од групната фаза на Лигата на шампионите.

„Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со ПСЖ во моментов. Но, верувам во мојот тим. Не го покажавме нашиот најдобар фудбал на овој натпревар. Изгубивме, но сакаме да се вратиме на нашето ниво, па затоа треба да тренираме и да се подобриме. Ќе видиме што сме згрешиле“, рече Флик по средбата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата