Откако загуби четири од седумте мечеви на кој беше тренер откако е поставен, менаџментот на тимот на Фиорентина е на сериозно мнение да го отпушти тренерот Паоло Ваноли.
Денешните изданија на италијанските медиуми „вријат“ со информации за потенцијална негова смена. Ваноли е само еден месец на кормилото на Фиорентина.
Тој го замени Стефано Пиоли на „Артемио Франки“ само пред еден месец, но резултатите се далеку од очекуваните.

