ФИФА објави продажба на 1 милион билети за средбите на СП 2026

17.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФИФА објави продажба на 1 милион билети за средбите на СП 2026

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денес објави дека се продадени повеќе од еден милион билети за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико.

Најголема побарувачка имаше од клиенти во САД, Канада и Мексико, а билети купиле навивачи од 212 различни земји, иако само 28 од 48-те учесници се познати.

ФИФА изјави дека меѓу првите 10 земји по број на купени билети се Англија, Германија, Бразил, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Франција.

Врз основа на бројките за посетеност, за 104 натпревари на 16 стадиони треба да се пополнат 7,1 милиони седишта. Не е познато колку од овие седишта ќе бидат достапни за навивачите во слободна продажба.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата