Фан на Арсенал до Пеп: “Те мразам, ми го уништи животот!“(ВИДЕО)

26.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фан на Арсенал до Пеп: “Те мразам, ми го уништи животот!“(ВИДЕО)
Фото: Манчестер Сити Х

Фудбалот е нешто посебно, па затоа има вакви сцени како вчера пред „Вембли“ и тоа од еден фан на Арсенал.

Манчестер Сити стигна до своето четврто финале на ФА Купот по ред откако се врати во негатива и го победи Саутемптон со 2-1. Фин Азаз го постигна единствениот гол за Саутемптон во 78-та минута, пред Сити брзо да одговори со гол на Џереми Доку и со мајсторијата на Нико Гонзалез.
Сепак, една сцена пред самиот натпревар привлече посебно внимание. Кога стручниот штаб и играчите на Сити пристигнаа на „Вембли“, пред да влезат на стадионот, огромна толпа навивачи го исполнија коридорот низ кој минуваа. Сепак, не сите беа на фанови на “Граѓаните“.
На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа човек, очигледно навивач на Арсенал, како му вика на Пеп Гвардиола.

Пеп, дозволи му на Артета (менаџерот на Арсенал) да ја освои лигата. Доста победи. Дозволи му на Артета да освои нешто. Е*и се, те мразам! Ми ​​го уништи животот!“, извика навивачот.

Сити и Арсенал се во жестока битка за титулата во Премиер лигата, која Арсенал не ја освоил од 2004 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата