Фаџоли ја чува Фиорентина во Серија А

4.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фаџоли ја чува Фиорентина во Серија А

25-годишниот играч за врска Николо Фаџоли донесе голема победа за Фиорентина на гостувањето кај Верона во меч од 31. коло во италијанската Серија А. Гостите во борба за бекство од „црвената зона“ на табелата, заминуваат со големи три бода од „Марк Антонио Бентегоди“ во Верона и сега се наоѓаат на пристојни плус пет од екипата на Лече, која е прва до „цртата“ за опстанок во елитата.

Фаџоли погоди во 82. минута и донесе три бода за „виолетовите“. Мечот го одбележаа и двата црвени картони кои ги добија Суслов за Верона и Гудмонсон за Фиорентина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата