Евертон повторно ќе го добие Грилиш на позајмица

1.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Евертон повторно ќе го добие Грилиш на позајмица
фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X)

Џек Грилиш повторно ќе го облече дресот на Евертон, откако Манчестер Сити постигна договор за нова едногодишна позајмица на англискиот офанзивец. Според „Атлетик“, Грилиш денеска треба да ги мине лекарските прегледи, по што трансферот ќе биде официјализиран.

За услугите на 30-годишниот фудбалер имаше интерес и од други премиерлигаши, меѓу кои Сандерленд, но Евертон бил прва опција и за самиот Грилиш. Англичанецот минатата сезона веќе играше на „Гудисон парк“, каде што на 22 натпревари во сите конкуренции постигна два гола и забележа шест асистенции.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата