Ериксен: Толку е, во јуни си одам од Манчестер Ј.

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ериксен: Толку е, во јуни си одам од Манчестер Ј.

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен изјави дека ќе го напушти англискиот клуб на крајот на сезоната, бидејќи се уште не добил понуда за продолжување на договорот. Тој има договор до 30 јуни оваа година.

„Никој ништо не ми кажува, а кога нема да добијам информации, претпоставувам дека соработката ќе биде прекината. Сите знаат дека договорот истекува, па мислам дека има само еден исход“, изјави Ериксен.

Ериксен е член на Манчестер Јунајтед од 2022 година.

„Се помирив со фактот дека треба да барам нов клуб. Слободен сум на пазарот и ова не сум го доживеал досега. Бев наслободен по срцевиот удар, но тоа беше малку поинаква ситуација. Инаку, не планирам да се вратам во Данска“, заврши Данецот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата