Емери го израмни клупскиот рекорд на Астон Вила

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Емери го израмни клупскиот рекорд на Астон Вила
фото: Aston Villa (X)

Шпанецот Унаи Емери се претвора во икона на англискиот фудбалски премиерлигаш Астон Вила. Менаџерот на тимот од Бирмингем вчера го израмни клупскиот рекорд по бројот на победи остваерни во Премиер лигата.

Вчера Вила го победи Вулверхемптон (1:0) во 13-то коло од шампионатот. Ова беше 114-ти натпревар во Премиер лигата за Емери како менаџер на Астон Вила и негова 61-ва победа, израмнувајќи го рекордот што го држеа Џон Грегори и Мартин О’Нил.

Шпанецот е на клупат ана Астон Вила од 2022 година и е на пат да се запише во клупската историја како тренер со најмногу победи на клупата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата