Елмас и Наполи преку Милан до финалето на Супер Купот на Италија!

18.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас и Наполи преку Милан до финалето на Супер Купот на Италија!
ФОТО: SSC Napoli/fb

Во првото полуфинале од Супер Купот на Италија, во Ријад (С. Арабија), Наполи со 2:0 успеа да го победи Милан и со тоа да се пласира во големото финале. Таму тимот на Антонио Конте ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Интер и Болоња кое се игра утре, а мечот за пехарот е закажан за 22 декември.

Веднаш да кажеме дека Елиф Елмас беше стартер и на овој меч и беше во игра се до 77.минута. Македонскиот репрезентативец имаше убава шанса и за гол и тоа во 22.минута, но сепак немаше среќа.

Наполи поведе со голот на Давид Нерес во 39.минута по асистенцијата на Хојлунд, а точка на оваа победа, на овој меч стави токму Хојлунд во 63.минута.

Апсолутно заслужена победа на наполитанците, едноставно беа подобри од Милан на овој натпревар во Ријад.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата