Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

12.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

Елис Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот.

Иако фаворит, Наполи од самиот старт на мечот имаше негатива откако Стрефеза погоди за домаќинот во првата минута.

Скот Мектоминеј израмни во 60. минута на 1:1, и му остави доволно време на неговиот тим да дојде и до победа, но сепак тоа не се случи.

Елмас денеска не се најде во стартиот тим и одигра само десетина минути на крајот од мечот.

Наполи со ова реми има 66. минути и е секако втор, додека Парма е на 14. место.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата