Един Терзиќ на клупата на Фенербахче?!

23.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Един Терзиќ на клупата на Фенербахче?!

Откако по освојувањето на пехарот во Лигата на Европа, готово сигурно е дека Анге Постекоглу нема да добие отказ во Тотенхем, тогаш јасно е дека пропаѓа можноста Един Терзиќ, некогашниот тренер на Борусија Доертмунд да ја преземе клупата на “спарси“.

Познато е дека во изминатите месеци и тоа како се шпекулираше со такво нешто.

Сепак Терзиќ веројатно ќе се сели на исток, поточно на Босфор. Како што пренесуваат медиумите во Турција, тој е “фатен“ во Истанбул, па логично е дека тамошните медиуми ќе почнат со шпекулации од типот дека Терзиќ би можел да го наследи Жозе Мурињо кој се очекува да си замине од Фенербахче или да добие отказ.

ФОТО: ФЦ Дортмунд/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата