Џенова донесе бразилски талент од Португалија

29.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенова донесе бразилски талент од Португалија

Екипата на Џенова објави дека нејзин нов член е бразилскиот талент Аморим кој што досега беше дел од португалската екипа Алверка.

Клубот плати седум милиона плус два дополнителни од извесни бонуси за играчот.

Тој е во Европа само шест месеци, откако претходно за 300.000 евра пристигна од тимот на Форталеза.

Аморим потпиша договор до 2030 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата