Дортмунд лидерски одигра против Штутгарт

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дортмунд лидерски одигра против Штутгарт

Екипата на Борусија Дортмунд е лидер на Бундес лигата со 12 бодови, откако вечерва во дуелот со Штутгарт успеа на гостински терен да слави со 0:1. Единствениот гол на овој меч го постигна Максимилиан Беиер во 70. минута. Овој гол ќе се покаже дека е пресуден на овој дуел, кој што изобилуваше со многу трка, борба и дуели.

Домаќинот по негативата се обиде да направи нешто повеќе, и да не загуби но не успеа во тоа.

Како што веќе рековме, по четири кола, Борусија Дортмунд е лидер на оваа конкуренција со максимални 12 бода, додека Штутгарт е на 14. место со три освоени бодови.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата