Додека славеше победа над Порто, крадци ја испразниле куќата на Антони

15.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека славеше победа над Порто, крадци ја испразниле куќата на Антони
фото: Real Betis Balompié 🌴💚 @RealBetis (X)

Бразилскиот фудбалер Антони доживеа непријатно искуство во вечерта во која со својот тим Бетис синоќа славеше голема победа во Лигата на шампионите. Додека крилниот напаѓач настапуваше на натпреварот против Порто, непознати сторители провалиле во неговиот дом во Севилја и го ограбиле.

Бразилецот се огласи преку социјалните мрежи, изразувајќи гнев, тага и разочарување поради случувањето. Тој нагласи дека најтешко му паѓа не толку материјалната загуба, колку нарушеното чувство на сигурност кај неговото семејство.

„Вечерта што требаше да биде прекрасна се претвори во вечер на гнев, тага и фрустрација. Ми ја ограбија куќата“, напиша Антони.

Фудбалерот посебно ја истакна вознемиреноста поради тоа што неговите најблиски се чувствуваат небезбедно во сопствениот дом.

„Најмногу ме погодува не само материјалната загуба, туку и чувството на несигурност на местото каде што треба да се чувствуваме најзаштитени. Тешко е кога во очите на семејството го гледате стравот што го предизвикува ваква ситуација“, порача Бразилецот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата