Димитриевски му пресуди: Севиља го откачи Алмеида!

23.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитриевски му пресуди: Севиља го откачи Алмеида!
ФОТО:x.com/SevillaFC_ENG

Матијас Алмеида од денеска и официјално не е веќе тренер на Севиља. Ова денеска клубот од Андалузија потврди дека Аргентинецот не е веќе шеф на струката на нивниот клуб и притоа му се заблагодари на досегашната соработка.

Ова доаѓа по вчерашниот пораз од Валенсија на свој терен со 0:2, во меч на кој нашиот репрезентативен голман фантастично бранеше и не му дозволи на домашниот состав предводен од Алмеида да дојде до бодови.

По ова јасно е дека за отказот што Алмеида го доби денеска свое влијание имал и нашиот Димитриевски.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата