Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)
ФОТО: Paris Saint-Germain/X

Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дие е најдобриот млад играч под 21 години. Со тоа напаѓачот на европскиот шампион ја доби и наградата “Голден бој“ во манифестацијата која се одржа во Торино во организација на “Туто спорт“. Лани беше Ламине Јамал, а оваа Дуе. Интересно е тоа дека Французонот од можни 500 поени, успеа да освои 450. На второто место се најде Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

Навистина сум многу среќен што стојам пред вас. Оваа награда значи многу за мене и ја посветувам пред сè на моите татко и мајка и целото семејство, кои секогаш ме поддржуваа низ годините. Му благодарам и на претседателот за довербата што ми ја укажа и што ме донесе во ПСЖ. Благодарност и до стручниот штаб, тренерот, сите волонтери што работат во клубот зад кулисите, но имаат фундаментална улога, како и до Луис Енрике, кој е тука вечерва, и секако, до сите мои соиграчи. На крај, би сакал да се заблагодарам посебно на една личност. Нема да кажам која е, но таа личност ќе знае дека мислам на неа посочи Дуе и додаде:

Благодарен сум што станав професионален фудбалер, тоа е сон на секое дете. Освоив многу трофеи, а има уште многу што треба да се освојат, и колективно и индивидуално. Можам да ветам труд и дисциплина до крајот на кариерата. ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот и среќен сум што сум дел од него. Да сонуваш е првиот чекор што води кон амбиција, а амбицијата води кон работа за остварување на целите“.

Првиот човек на ПСЖ Насер Ал – Келаифи беше прогласен за најдобар претседател.

Посебно емотивен момент беше доделувањето на наградата „Златен играч“ (Golden Player) на Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа ова лето. Признанието го прими неговата сопруга.

Ви благодарам на сите што го одржувате името на Диого живо. Би сакала да биде запаметен како добар човек и личност“, рече неговата сопруга, Руте Кардосо.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата