Најдобриот играч на ПСЖ, Усман Дембеле е повреден. Страдаше неговата задна ложа и според информациите од Париз тој и тоа како е неизвесен за реванш дуелот од полуфиналето од ЛШ кој што се игра против Арсенал на домашен терен.
Токму Дембеле беше стрелецот за ПСЖ на првиот меч во Лондон, кога парижаните создадоа огромен капитал пред реваншот но далеку дека се е готово на овој двомеч напротив. ПСЖ во моментов многу зависи од головите на Дембеле кој што е број еден стрелец и е во врвна форма.
И самиот Дембеле по дуелот во Лондон изјави дека почувствувал болка, дека не е нешто страшно но дека ќе се види подоцна како мускулот ќе реагира.