Де Ла Фуенте уште долго ќе биде селектор на Шпанија

21.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де Ла Фуенте уште долго ќе биде селектор на Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, која е актуелен светски шампион, Луис Де Ла Фуенте и официјално потпиша нов договор. Истиот го обврзува на соработка до 2032 година.

Ова е сосема логичен развој на настаните, со оглед на успесите на Шпанија.

Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со оглед на следните две Европски првенства (2028 и 2032) и Светското првенство во 2030 година, кое Шпанија ќе го организира заедно со Португалија, Мароко, Парагвај, Уругвај и Аргентина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата