Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Вулверхемптон со 1:0 на стадионот „Етихад“ во првиот натпревар од 35-тото коло од Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кевин де Брујнe во 35-тата минута.
Иако Сити го диктираше темпото и ја имаше топката во посед од самиот почеток, Вулверхемптон имаше две огромни шанси во првиот половина час од играта. Потоа дојде одлучувачкиот момент на мечот во 35-тата минута. Доку во свој стил проби низ левата страна, а потоа го послужи Де Брујне, кој го погоди за 1:0 .
Во 57-та минута, Матеуш Куња ја затресе стативата, а во финишот сити успеа да ја умртви играта и на крајот да слави.