Екипата на Аталанта го официјализираше трансферот на Даниеле Малдини од редовите на Монца. Синот на еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, Паоло Малдини одигра одлична полусезона во екипата на Монца и сега ќе биде дел од екипата од Бергамо.
Малдини пристигна во Аталанта за цена од 10 милиони евра и ќе биде член на „божицата“ до 2029 година. Даниеле е производ на младинските екипи на Милан и дебитираше во Серија А во 2020 година. Оттогаш младиот Малдини беше член на екипите на Монца, Специја и Емполи.