Дали проклетството го “фати“ и Дуе?!

31.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали проклетството го “фати“ и Дуе?!
ФОТО: FC PSG/FB

Голем удар за ПСЖ, за тимот на стратегот Луис Енрике. Имено младиот напаѓач Дезире Дуе, кој игра во фантастична форма, се повреди и не ќе може извесно време да се смета на неговите услуги.

Тој на последниот меч за “Светците“ го скина листот, секако незгодна повреда во светот на фудбалот.

По ова се поставува прашањето, дали и него го фати проклетството од финачните мечеви во Лигата на Шампионите.

Интересно, од 2020 година па наваму, секој фудбалер кој бил најдобар во финалето во ЛШ, во блиска иднина потешко се повредувал.

Кинсгли Коман од Баерн Минхен во тоа финале во 2020 година беше стрелец на победничкиот гол против ПСЖ, а потоа потешко се повреди.

Во тоа финале во 2021, кога Челзи го победи Манчестер Сити, Нголо Канте беше најдобар на мечот, но потоа беше во „аут“ три месеци поради повреда на препоните.

Во 2022 година, Тибо Куртоа против Ливерпул блескаше, беше најдобар во тоа финале, ама потоа и тој се повреди и речиси една година беше надвор од терените.

Во финалето во 2023 година, Манчестер Сити го победи Интер, а Родри беше стрелец на победничкиот гол и најдобар на мечот. Два месеци после тоа финале, Родри ги скина лигаментите.

Во 2024 година, кога Реал Мадрид го победи Дортмунд, Дани Карвахал беше најдобар на мечот, сепак и тој се повреди и беше долго време во „аут“.

Еве сега и Дуе, ако се знае дека токму овој млади играч беше најдобар во последното финале во ЛШ кога ПСЖ го декласира Интер со 5:0.

Неверојатен податок.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата