Чалханоглу не е во комбинација за дуелот против Шпанија

17.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чалханоглу не е во комбинација за дуелот против Шпанија

Искусниот турски репрезентативец и интернационалец Хакан Чалханоглу, нема да може да и помогне на неговата репрезентација на квалификацискиот дуел против Шпанија кој што е закажан за утре.

Тој веќе го напушти репрезентативниот камп поради повреда и се врати во Милано за да му се стави на располагање на тренерот на Интер, Кристијан Киву. Причината за сето ова е повредата на раката, а повеќе извори потврдија дека не се работи за нешто сериозно.

Сепак, од Интер веројатно инсистирале тој да се врати, за да може да биде подготвен за дербито против Милан кое се игра следниот викенд.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата