Во време кога капиталот и парите не знаат за граници, јасно е дека може ова да се случи. Имено српскиот бизнисмен Драган Шолак, сопственикот на Саутемптон и Јунајтед Груп, инаку најголем непријател на режимот на Александар Вучиќ во Србија, има намера да го купи Левски Софија.
Клуб кој е бугарски гигант, клуб за кој игра нашиот репрезентативец Никола Серафимов, а Дарко Тасевски е еден од помошниците во стручниот штаб.
Оваа вест ја потврдија прво медиумите кај нашиот источен сосед, а потоа и самиот клуб се изјасни дека преку Спорт Рипаблик, кај нив е пристигнато писмо со со намера за купување на клубот.
Дали со ова евентуална продажба на Шолак, Левски конечно ќе се врати таму каде што беше пред две децении.
Да потсетиме дека во последните 15 години во Бугарија неприкосновен е Лудогорец.

