Брентфорд победнички на гости кај „шумарите“!

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брентфорд победнички на гости кај „шумарите“!

Се чини дека полека, но сигурно Нотингем Форест се одалечува од пласманот во Лигата на Шампионите. Вечерва “шумарите“ во меч од 34.коло во Премиерлигата, на свој терен беа поразени од Брентфорд со 0:2. Пораз кој многу боли, пораз кој едноставно не смееше да им се случи.

Сега Нотингем Форест има 60 бода и падна на шестата позиција на табелата. Јасно е дека сеуште имаат шанси „шумарите“, но самите си се виновни.

Инаку стрелци за гостинската екипа на Брентфорд беа Шаде во 44.минута и Виса во 70.минута.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата