Тукушто заврпија четири од петте денешни мечеви во Премиер лигата. На сите од нив имаше голови, на некои фаворитите ја оправдаат улогата, а на некои домашните не успеаа да ја искористат предноста на својата публика.
Тимот на Брендфорд го пречека Лестер, а гостите преку Боунаноте во 21. минута имаа водство. Виса и на два пати Шаде до полувреме направија 3:1, за домаќините. Шаде во вториот дел заокружи свој хет трик за конечни 4:1.
Тимот на Нотингем пак со единствениот гол на Вуд и тоа од пенал завери домашна победа над Ипсвич, додека пак Њукасл во последните секунди испушти три бода на гостувањето кај Кристал Палас.
Гоел си постигна автогол во 53. минута, за да во последните секунду Муљоз реализира за 1:1.
Вулверхемптон пак продолжува со лошите игри и на домашен терен загуби со 2:4 од Борнмут.Патрик Клајверт за 0:1, но Ларсен израмни за домашните. Клајверт по втор пат односно Керкез до полувреме остварија гостински 1:3, а својот хет трик Клајверт го завери во 74. минута.