Бренан Џонсон со трансфер во Кристал Палас

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бренан Џонсон со трансфер во Кристал Палас

Екипите на Тотенхем и Кристал Палас постигнаа договор за трансфер на Бренан Џонсон. За сума од 35 милиони фунти, Џонсон ги напушта „Петлите“ и заминува во клуб кој што реално му гарантира далеку поголема минутажа одколку што реално ја имаше досега.

Џонсон пристигна во Тотенхем пред три години од тимот на Нотингем Форест за сума од 48 милиони, а сега си заминува што се вели на мала врата.

Од него во тимот од Лондон имаа големи очекувања, а дали истите ги оправда реално има голема дилема.

Вкупно, во текот на целиот негов период во Тотенхе, досега, крилниот напаѓач има запишано 107 натпревари со 27 гола и 18 асистенции. 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата