Брајтон го „шокираше“ Манчестер Сити

31.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брајтон го „шокираше“ Манчестер Сити

Јасин Ајари е херојот на тимот на Брајтон, откако интернационалецот од Шведска денеска е стрелец на единствениот гол во големата победа на овој тим против тимот на Манчестер Сити во триумфот од 0:1.

Шокирачкиот пораз за Сити пристигна откако Ајари реализираше уште во 11. минута по добрата акција и позитивниот епилог во петерецот на домаќинот за Брајтон.

Од тој момент па натаму, Сити со сите сили се обидуваше да реализира за да најпрво дојде до изедначување, а потоа и до евентуален триумф но ништо од тоа не се случи.

Брајтон ги издржа стотината напади во текот на сите деведесет минути, преку дваесет удари кон неговиот гол и заслужено ги освои трите бода.

Во останатите мечеви Брендфорд го совлада Нотингем со 2:0, Хул и Ипсвич одиграа 2:2. Ковентри го победи Сандерленд со 3:1.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата