Борнмут својот нов напаѓач го пронајде во Бразил

21.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борнмут својот нов напаѓач го пронајде во Бразил

Екипата на Борнмут, многу бргу најде замена за скапо продадениот Антоан Семењо кој што замина во Манчестер Сити за 64 милиони фунти во овој преоден рок. Истата доаѓа дури од Бразил, а се работи за 19. годишниот крилен напаѓач на Васко Де Гама, Рајан, кој што ќе го чини Борнмут 35 милиони евра. Рајан ќе треба да се појави во Англија некаде на стартот на следната недела.

Рајан е инаку младински репрезентативец на Бразил кој што е мета на огромен број на клубови од Европа, но Борнмут очигледно беше најбрз, а во моментов ги имаше и парите да го купи.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата