Фудбалерите на Болоња продолжуват со добрите игри и пред се добри резултати. Вечерва на гостувањето кај Парма, гостите од Болоња славеа со 1:3 со што сега имаат 18 бодови и се наоаѓаат на 5.место на табелата во Серија А по 10.коло.
Домашните со голот на Бернабе уште во 1.минута дојдоа во водство, но следуваше превсрт. Прво Кастро во 17.минута израмни на 1:1, за во 35.минута по исклучувањето на Ордонез домашните останаа со играч помалку.
Во продолжение од средбата Кастро со уште еден донесе водство од 1:2, за да Миранда во судиското продолжение ги постави конечните 1:3.

