Битка за Милано, битка за Лондон: “Меаца“ е пред експлозија! Дали е ова таа сезона за Арсенал?!

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Битка за Милано, битка за Лондон: “Меаца“ е пред експлозија! Дали е ова таа сезона за Арсенал?!
фото: Inter Xtra (X)

Денеска во центарот на вниманието ќе бидат две градски дербија. И тоа во Милано, каде во “Дерби дела Мадонина“ силите ќе ги одмерат Интер и Милан со почеток од 20:45 часот на “Меаца“. А претходно во битка за Северен Лондон од 17:30 часот се среќаваат Арсенал и Тотенхем.

Дербито дела Мадонина“ никогаш не бил, ниту ќе е обичен натпревар. И секогаш кога мислиме дека не може да биде понапнато – тој нè негира. Овој пат, Интер и Милан не играат само за честа на градот, туку и за моментумот во трката за Скудетото. И кога влоговите се толку високи, кога емоциите и формата се спојуваат на теренот, јасно е дека тоа ќе биде екстра меч.
Интер изгледа како машина. Лаутаро Мартинез е во преден план, а кога ќе му ги додадете Тирам и експлозивниот Бони, јасно е зошто Интер изгледа како тим кој секогаш го знае патот до голот.
Милан, сепак, не доаѓа како жртва. Под водство на Масимилијано Алегри, тие станаа тим кој знае што прави – организиран, стабилен, но и многу опасен кога оди во контранапад. Леао е незапирлив кога му се дава простор, а Пулишиќ станува сè подобар во користењето на своите позиции меѓу линиите. Тука е и Лука Модриќ, и се е јасно, на повидок е спектакл.

А спектакл секако ќе има и на „Емирејтс“ во Лондон. Арсенал против Тотенхем. Многу значаен меч и за двете екипи, посебно за составот на Микел Артета.

Фановите на Арсенал сакаат победа против лутиот ривал, ама повеќе сакаат титула. А до нејзе ќе се дојде само ако на вакви дерби мечеви си сигурен и победуваш, посебно кога вчера Сити беше поразен.

Од друга страна „Спарси“ и тоа како имаат што да кажат.

Во секој случај супер меч за фудбалско уживање.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата