Барселона не може да си дозволи враќање на правилото 1:1 кога станува збор за финансиски фер-плеј, што би му дало на клубот многу предности кога станува збор за доведување нови засилувања и нема да мора да продаваат играчи и да прават простор во буџетот за плати пред тоа.
Затоа, секоја добивка за Барселона вреди злато и им дава простор да доведат солидно засилување во лето, и да го регистрираат без никакви проблеми.
Иако веќе се шпекулира дека Барселона ќе мора да продаде дел од играчите од првиот тим што Ханси Флик моментално ги има во тимот за да го засили тимот, се чини дека синоќешниот повик ги израдува многу.
Медиумите во Шпанија и Франција објавуваат дека Жоан Лапорта добил повик од Монако, а главна тема е Ансу Фати.
Поранешната голема надеж на Барселона игра во Монако на позајмица до крајот на сезоната, но постојат големи шанси Фати да остане.
Монако е задоволен од настапите на овој фудбалер оваа сезона и е подготвен да го задржи и да го откупи неговиот договор од Барселона.
„Л’Екип“ потврди дека Монако синоќа ја информирал Барселона дека е подготвен да го откупи договорот на Фати и дека ќе плати дополнителни 11 милиони евра за да го задржи играчот во својот клуб.
Тие исто така подготвиле повеќегодишен договор за Фати, а Барселона била контактирана откако играчот јасно ставил до знаење дека сака да остане во Монако.

