Барселона се враќа со целн плен од гостувањето кај Реал Бетис во мечот од 15-тото коло во Ла Лига. Каталонците славеа со убедлив резултат (3:5), во натпревар во кој домашните први поведоа, но потоа на сцена стапи Феран Торес, кој постигна хет-трик.
Домашните поведоа во шестата минута преку Антони, а потоа Феран Торес во 11-тата минута постигна гол за израмнување, а само две минути потоа за целосен пресврт (1:2). Во 31-та минута, младиот Барџи го зголеми водството на Барса, по асистенција на Педри (1:3).
Кон крајот на првото полувреме, феноменалниот Торес го постигна својот трет гол денес, со што „Блауграна“ поведе и со 1:4 на полувремето.
По еден час игра, „петардата“ експлодираше во Севиља. Гостите добија пенал, а Јамал ја презеде одговорноста и постигна гол за резултат 5:1. До крајот на натпреварот Бетис успеа да го намали водството преку Љоренте, а потоа и Кух Ернандез, кој постигна гол од пенал и го постави конечниот резултат.

