Баерн славеше во Берлин за четвртфинале во Купот

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн славеше во Берлин за четвртфинале во Купот
фото: FC Bayern Munich (X)

Многу потешко од очекуваното, екипата на Баерн (М) обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Германија, откако вечерва славеше на гостувањето кај Унион Берлин со 2:3. Гостите почнаа одлично и поведоа со автоголот на Ансах во 12. минута, по што Хари Кејн во 24. минута зголеми на 0:2.

Домашните успеаја да намалат во 40. минута од пенал, но Баерн до полувреме имаше предност и од 1:3 благодарение на уште еден автогол кој си го постигнаа домашните.

Во вториот дел Унион доби уште еден пенал, кој Керфелд го претвори во гол за 2:3 и до крјаот на мечот видовме израмнет дуел, во кој Баварците успеаја да ја задржат предноста за пласман во следната рунда.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата