Баерн ја почна сезоната со трофеј, со победа во Суперкупот среде Дортмунд!

22.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн ја почна сезоната со трофеј, со победа во Суперкупот среде Дортмунд!
ФОТО:facebook.com/fcbayern.en

Баерн Минхен триумфално ја започна новата сезона. Екипата на Винсент Компани успеа да ја победи Борусија Дортмунд со резултат од 1:2 (0:2) во меч од Супрекупот на Германија кој се одигра вечерва на “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.
Борусија практично не се закани во првото полувреме, Баерн докажа дека моментално е најдобриот тим во Германија дури и на самиот почеток на сезоната и шансите продолжија да се појавуваат, а веќе во 28-та минута го видовме првиот гол.
Мајк Олисе заврши голем дел од работата, а Натаниел Браун се претстави на публиката во новиот дрес на најдобар можен начин, со гол.
А потоа, на самиот крај од првото полувреме, катастрофална грешка на средината од теренот, Олисе незапирливо тргна кон голот, истрча покрај Бенсебаини и постигна гол за 0:2!

Борусија играше малку подобро во второто полувреме и успеа само да го ублажи поразот.
Видовме одлична акција по изгубена топка од Баерн и лошо додавање од одбраната, Свенсон беше на десната страна, го искористи Силва кој постигна гол за 2:1.
Сепак, тоа беше се од Борусија, тие го завршија натпреварот со десет играчи бидејќи Бенсебаини доби црвен картон, а Баерн го однесе пехарот во своите витрини.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата