Атлетико со минимален триумф кај Еспањол

17.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико со минимален триумф кај Еспањол

Со голот на Баена во 89. минута од мечот, тимот на Атлетико Мадрид дојде до исклучително значаен триумф на гостувањето кај Еспањол. Конечните 0:1, се производ на борбена игра во текот на целиот меч од страна на двете екипи, а сепак, гостите ја имаа таа среќа да реализираат на секунди пред последниот свиреж на судијата.

Атлетико со овој триумф стигна до котата 22 на табелата, со што има два поени помалку од лидерот Барселона, која што пак има и меч помалку кој што го игра денеска против Бетис на гости.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата