Во последниот дуел од денешната програма од Примера шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Алтетико Мадрид успеа да слави на свој терен со конечни 3:2, над тимот на Атлетик Билбао.
Во исклучително интересен и неизвесен дуел, гостите први поведоа преку Паредес во 23 минута од мечот.
Сепак, Атлетико Мадрид на стартот на второто полувреме со два брзи гола направи комплетен пресврт. Гризман во 49. минута погоди за 1:1, а Сорлот пет минута подоцна за 2:1.
Истиот играч во третата минута од судиското продолжение зголеми на 3:1, а конечниот резултат на овој меч во седмата минута од продолжението го постави Гурузета.
Атлетико Мадрид е четврти со 60 поени, додека Билбао е деветти со 41.

