Атлетико Мадрид победнички кај Хетафе

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Атлетико Мадрид победнички кај Хетафе
ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/

Атлетико Мадрид вечерва на гости кај Хетафе успеа да дојде до убедлива победа од 0:3. Ова е десетти триумф на “јорганџиите“ во изминатите 13 кола. Па така сега имаат -5 бодови во однос на лидерот Барселона и -2 во однос на вториот Реал Мадрид.

Иако резултатот кажува нешто друго, но сепак не беше лесно за составот на Диего Чоло Симеоне. Баена во 10.минута донесе водство од 0:1, следуваше голот на Кардозо во 30.минута за удвојување на водството.

Хетафе и покрај тие 0:2 сепак не се предаваше, атакуваше кон гостинскиот гол, бареше своја шанса, имаше и такво нешто, но никако не успеваше да ја затресе мрежата на гостите.

Во втората минута од судиското продолжение Грималдо од пенал ги постави конечните 0:3 за составот на Атлетико Мадрид.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата