Уф, каков меч за „јорганџиите“ вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид. во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј. Победа од 4:0 против Барса. Каталонците можат да бидат и задоволни од овој резултат, имено според играта и шансите требаше да биде барем 7-0 или 8-0 за тимот на Диего Симеоне.
Каков Атлетико? Страшен Атлетико. Ова е најдобриот меч на Атлетико Мадрид откако Симеоне е тренер на тимот од Мадрид. Ова е историски меч, имено за првпат по три децении Барса имаше негатива од 0:3 по само 35 минути. А вечерва имаше и тоа прво по автоголот на Ерик Гарсија и несмасната интервенција на голманот Хоан Гарсиа во 6.минута. Потоа во 14.минута Гризман зголеми на 2:0 за да Лукман во 33 .минута даде гол за 3:0. Но тоа не беше крај за маките на Барса. Алварез во судиското продолжение погоди за 4:0.
Сепак треба да се каже дека на почетокот од второто полувреме ВАР му поништи се чини регуларен гол на Кубарси за 4:1, можеби работите ќе беа нешто подбобри за Барса.
Но не треба да се трошат зборови за било каков скандал, ова е историска победа на Атлетико. Реваншот се игра на “Камп Ноу“, на 3 март, но на Барса и треба чудо, сепак четири гола се четири гола.

