Арсенал и натаму е перфектен: Магија на Гимараеш + Раја и Сака доволно за победа!

12.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсенал и натаму е перфектен: Магија на Гимараеш + Раја и Сака доволно за победа!
ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Фудбалерите на Арсенал го одржаа својот 100% учинок во Премиер лигата, иако вечерва беа изложени на многу проблеми.
Актуелниот шампион го победи Сандерленд со 2:0, а водечкиот гол беше фантастичен на новодојдениот Бруно Гимараеш во 58-та минута. Во 97-та минута, Букајо Сака го постави конечниот резултат од пенал, што не го одразува она што се случуваше на теренот.
„Црните мачки“ се потрудија да го сопрат шампионот, но Давид Раја не им дозволи. Тој го одбрани пеналот на Ле Феу во 56-та минута, а на крајот од натпреварот го одзеде зицерот на Мукиеле.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата