Вечерва од 21 часот во меч од 21.коло во Премиерлигата, Ливерпул му гостува на лидерот Арсенал. Ова секако дека е тешко, екстремно тешко гостување за шампионот кој оваа сезона не игра во својата препознатлива форма.
На пресот во прсрет на вечерашното дерби, стратегот на “Редси“, Арне Слот рече дека критиките дека Ливерпул станал здодевен за гледање под негово водство се „тешки за слушање“, но призна дека „не би се согласил целосно“ со проценката.
“Редси“ се во серија од девет натпревари без пораз, но не се убедливи со своите настапи.
„Навистина ми е тешко да го слушнам тоа, но не е како целосно да не се согласувам. Би употребил различни зборови и би земал предвид некои работи“, рече Слот пред натпреварот со Арсенал.
„Сакам да освојам што е можно повеќе трофеи, но мислам дека сум познат и по фактот дека моите тимови секогаш се обидуваат да играат напаѓачки фудбал и можам само да кажам дека се обидуваат да го сторат тоа“, продолжи тој.
„Имаме тешкотии да создадеме многу шанси. Но, како што реков многу пати, ние не сме единствениот тим што има тешкотии да создаде многу шанси. Но, секако не ми се допаѓа да го слушнам тоа. Едно нешто што би го сакал е да победиме на многу натпревари, но и да играме атрактивен фудбал, како што игравме оваа сезона“, додаде тренерот на „Редси“.

