Арнаутовиќ влезе во историјата како најдобар стрелец во дресот на Австрија

10.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арнаутовиќ влезе во историјата како најдобар стрелец во дресот на Австрија
фото: ÖFB - oefb.at (X)

Со четирите гола постигнати на вчерашниот натпревер против Сан Марино (10:0), Марко Арнаутовиќ стана најдобар стрелец во историјата на австриската репрезентација со 45 гола.

36-годишниот напаѓач на белградска Црвена Звезда веќе се запиша во историјата на автстрискиот национален тим. Тој сега има еден гол повеќе од легендарниот Тони Полстер, кој за време на својот репрезентативен престој постигна 44 гола во дресот на австрискиот национален тим.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата