Диего Симеоне е новиот рекордер во шпанската Ла Лига според бројот на победи како тренер. Аргентинскиот стратег стигна до својата 345-та победа во најсилното шпанско првенство, откако Атлетико Мадрид на гостувањето го совлада Хетафе со убедливи 3:0.
Со овој триумф, Симеоне го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Луис Арагонес, кој имаше 344 победи во првенството. Она што го прави достигнувањето уште повпечатливо е фактот дека Симеоне до рекордот стигна по само 567 натпревари, додека на Арагонес му беа потребни 757 средби.
Дополнително, сите 345 победи аргентинскиот тренер ги оствари на клупата на еден клуб – Атлетико Мадрид, додека Арагонес рекордот го градеше водејќи осум различни екипи.

