Араухо денеска ќе се појави во Ливерпул на лекарски прегледи

9.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Араухо денеска ќе се појави во Ливерпул на лекарски прегледи

Досегашниот играч на Барселона, Роналд Араухо, веќе е на пат за Англија, каде што по лекарските прегледи ќе биде претставен како нов играч на тимот на Ливерпул.

Тој доаѓа на едногодишна позајмица, по што „Редси“ ќе имаат можност да го откупат за сума од 55 милиони евра.

Истата не е обврзувачка и Араухо ќе треба да заземе сериозно место во стартниот тим на Ливерпул за да следното лето добие и перманентен дил со овој клуб.

Мора да се напомене дека клубот од Енфилд за време на позајмицата на Араухо ја презима целосно неговата плата.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата