Англиски репрезентативец заврши во болница

15.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро.

Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе биде надвор од теренот во следните неколку недели и нема да му биде достапен на Еди Хау за време на густиот празничен период на крајот од годината.

За тимот на Њукасл ова е уште еден сериозен удар затоа што во клучниот период од сезоната, се без речиси сите дефанзивци. Повредени се и Трипие, Бутман и Крафт.

Ако на сето ова се додаде дека надвор од ростерот е и голманот Еди Поуп тогаш ситуацијата станува алармантна.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата