Карло Анчелоти и Томас Тухел не се во конкуренција за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед. Како што објави инсајдерoт Бен Џејкобс, двајцата стратези ќе продолжат да ги тренираат репрезентациите на Бразил и Англија и по Светското првенство во 2026 година.
Во моментов, Манчестер Јунајтед разговара за кандидатурите на Роберто Де Зерби (без тим откако го напушти Марсеј), Јулијан Нагелсман (селектор на германската репрезентација) и Роберто Мартинез (селектор на португалската репрезентација).
Маурисио Покетино (САД) и Киран Мекена (Ипсвич) сè уште се сметаат за кандидати за функцијата, но не се сметаат за фаворити.

